Производи за автомобил / комбе / 4 х 4

stage_image1_lg

Компанија

Аутомотив група

Иновации за иднината во движење на автомобилската индустрија

article_66w_image1

Continental развива интелигентни технологии за превоз на луѓе и на стоки. Како сигурен партнер, меѓународниот испорачувач на делови за автомобили, производител на пневматици и индустриски партнер обезбедува одржливи, сигурни, удобни, поединечни и достапни решенија. Во 2014 година корпорацијата продаде околу 34,5 милијарди евра, во своите пет дивизии: Дивизија за шасии и за безбедност, Interior, Пневматик, Погонски состави и ContiTech.  Во моментов Continental вработува околу 240.000 лица во 61 земји. 
Дивизијата за шасии и за безбедност развива и произведува интегрирани технологии за активна и за пасивна безбедност при возење, како и производи што ја поддржуваат динамиката на возилата. Асортиманот на производи се движи од електронски и хидраулични сопирачки и системи за контрола на шасијата до сензори, напредни системи за асистенција на возачот, електронски и сензорски воздушни перничиња, па сè до системот на бришачи на предното стакло, како и електронски системи за суспензија на воздухот и млазови за чистење на светлата. Фокусот е на високото ниво на системот на стручност и на интеграција на компонентите во безбедносниот концепт ContiGuard. Дивизијата Chassis & Safety вработува повеќе од 38.000 лица низ светот и во 2014 година генерираше продажба во износ од приближно 7,5 милијарди евра.


Системите за управување со информации и интелигентно транспортирање се во самиот центар на Дивизијата Interior и таа обезбедува широк спектар на производи за различни возила. Понудата на производите вклучува инструмент-табла, мултифункционални и head-up екрани, контролни единици, електронски системи за влегување во возило, како и електронски системи за информации за пневматици, радиоапарати, инфотејмент-системи, уреди за внесување податоци и контролни панели, единица за контрола на климата, telematics решенија и услуги, софтвер, како и кабини. Interior вработува повеќе од 36.000 лица и во 2014 година генерираше продажба во износ над 7 милијарди евра.