Производи за автомобил / комбе / 4 х 4

Driving in heavy rain

Возење на пороен дожд

Совети за безбедно возење на пороен дожд

Кога времето е влажно, може да се сменат условите за возење. Возењето на дожд е многу попредизвикувачко од возењето на убаво време. Следете ги овие безбедносни совети за возење во влажни услови.

Излезени сте и возите за време на пороен дожд? Поројниот дожд ги отежнува видливоста и сопирањето. Но има и други ризици – како што е аквапланингот.

Нови пневматици или пневматици што се добро одржувани со оптимална длабочина на шарата на слојот за газење, ќе придонесат за побезбедно искуство на возење на дождлив ден. Другото зависи од внимателното и совесно возење.

Нашите три врвни правила за безбедно возење на пороен дожд

  • Забавете. Тоа е едноставно. Останете под дозволената брзина. Колку што возите побавно, толку подобра контрола ќе имате над вашето возило - и толку полесно ќе биде сопирањето.

  • Вклучете ги светилките.  Фаровите треба да ви бидат вклучени за да ја зголемите видливоста и внимавајте светилките за сопирање да бидат функционални. Во повеќе држави користењето фарови во текот на дожд е законско барање. За оптимална безбедност на дожд, вклучете ги вашите.

  • Одржувајте поголемо растојание меѓу вас и другите возила. Дајте им повеќе простор на другите возачи. Двојно зголемете го растојанието меѓу вашето возило и возилото пред вас. Должините на сопирање се зголемуваат во влажни услови. Тоа ќе помогне да ја избегнете и водата што се распрснува од други (особено поголеми) возила, а тоа, исто така, може да ја намали видливоста.

Овие три главни совети се суштински за безбедноста во влажни услови. Но тоа не е сѐ што треба да се знае за возењето на пороен дожд. Продолжете да читате за дополнителни совети за да останете безбедни на влажни и поплавени патишта.

Внимавајте на првиот пороен дожд

Првиот дожд по сув период може да создаде едни од најопасните услови за возење.  Зошто? Дождот се меша со маслото и со отпадоците од патот, предизвикувајќи особено лизгава површина на патот. Тоа може да ве стави во поголем ризик да ја изгубите контролата.

Внимателното сопирање е од клучно значење

При влажно време вашите сопирачки нема да реагираат толку брзо како на суви услови. Обидете се да гледате напред на патот колку што е можно подалеку и забавете така што ќе го тргнете стапалото од педалот за гас наместо да притискате на сопирачките. Избегнувајте да користите сопирачки, освен ако е потребно. Ненадејното сопирање на влажен пат може да предизвика автомобилот да ви се лизне.

Без брзинодржач

Исклучете го брзинодржачот во услови на дожд. Треба целосно да имате контрола над вашиот автомобил.

Најдете го вашиот пневматик

Најбрз начин до совршен пневматик.