Производи за автомобил / комбе / 4 х 4

Car driving through pouring rain 

Priročnik pri nakupu celoletnih pnevmatik

Сѐ што треба да знаете за купување пневматици за сите сезони

 

Брзи факти. Кои пневматици за сите сезони се најдобри за вас?

  • Пневматиците за сите сезони се соодветни за широк дијапазон возила, од патнички до СУВ-возила, електрични возила и камиони
  • Пневматиците за сите сезони на Continental гордо ги носат симболот M+S (кал и снег) и симболот 3PMS (симбол на планина со три врва и снегулка), кои покажуваат дека тие се соодветни за зимско возење и се во согласност со законите за зимски пневматици во повеќето земји
  • Пневматиците за сите сезони на Continental се соодветни за електричните возила и поради нивната тежина и моментните можности на вртежниот момент може да одговорат на поголемите барања што им се наметнуваат на пневматиците за електрични возила
  • Премиум асортиманот на пневматиците за сите сезони на Continental е соодветен за сите СУВ-возила

Пневматиците за сите сезони може да им го дадат на возачите најдоброто од двата света: длабочина на шарата на слојот за газење соодветна за повеќето временски услови, импресивен век на траење на слојот за газење и никакви маки во врска со менување, а потоа чување на летните и на зимските пневматици секоја година. Тие може да бидат совршено решение ако живеете во област со блага клима.

Сезонските пневматици се најдобар избор за вас ако треба да се справите со студени зими или многу жешки лета.

Откријте дали пневматиците за сите сезони се вистинското за вас, утврдете кој пневматик за сите сезони е најдобар за патнички автомобили, електрични возила, СУВ-возила или камиони и дознајте како да го препознаете симболот за сите сезони на страничниот ѕид на пневматиците.

За што треба да размислите пред да инвестирате во пневматици за сите сезони

Размислете за тоа каде ќе возите и колку често. Ако имате СУВ-возило што треба да го возите непречено низ град, но редовно мора да возите и по нерамен терен, ќе ви биде потребен бренд на пневматик што е посоодветен за сите терени, со најдобра тракција и гаранција за абење на слојот за газење. Или можеби имате патнички автомобил што речиси цело време го возите во урбана средина? Во тој случај можеби ќе сакате повеќе да се фокусирате на функциите за сопирање, ефикасноста на горивото и перформансите за аквапланинг.

Секако, наша главна грижа се вашата безбедност и спокој. Користете го нашиот водич за купување пневматици, Пронаоѓач на пневматици Continental, кој ќе ви помогне да најдете совршени нови пневматици, без оглед на возилото што го возите: 

НАЈДОБРИ ПНЕВМАТИЦИ ЗА СИТЕ СЕЗОНИ ЗА НАЈДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛА ГОДИНА

Нашите одлични резултати од тестовите зборуваат сами за себе. Трофејните пневматици на Continental покажуваат брилијантни резултати на непристрасните тестови на индустријата и може да ги задоволат вашите потреби за пневматици во текот на цела година. Само изберете!


Како изгледа симболот за сите временски услови на страничниот ѕид на вашиот пневматик?

Close-up of an all-season Continental tire showing the ‘M+S’ and 3PMSF symbols

Страничниот ѕид на пневматикот дава многу информации за пневматикот на вашиот автомобил ако знаете како да го прочитате. Овде најдете повеќе.

За да бидете сигурни дека вашите пневматици за сите сезони ќе може да понудат оптимални перформанси во сите временски услови, освен во најекстремните, две работи што треба да ги побарате на страничниот ѕид на вашиот пневматик се симболот „M+S“ и симболот „3PMSF“, симбол на планина со три врва и снегулка - буквално, слика на планина со три врва и со сегулка во неа.  

„M+S“ ја покажува соодветноста на пневматикот за возење во кал и на снег; симболот „3PMSF“ укажува дека стручњаците потврдиле дека пневматикот е безбеден да се користи на снег. Симболот на три врва, исто така, значи дека пневматикот е соодветен да се користи во региони каде што со закон се бараат пневматици за снег.

Пневматиците за сите сезони на Continental ги имаат двата симбола, што ги прави исклучително многустрани и одлична инвестиција. Меѓутоа, мора да користите зимски пневматици ако возите во остри зимски услови, каде што температурите редовно се намалуваат под точката на замрзнување.

Сезонски пневматици или пневматици за сите сезони за електрични возила?

An EV plugged into charge point with tires in full view

Електричните возила се иднината, но додека нивниот јаглероден отпечаток е значително понизок, оптоварувањето на нивните пневматици е многу поголемо. Зошто? Автомобилските батерии се тешки и затоа постои голем притисок на тркалата, плус моментниот вртежен момент на електричните возила им додава дополнителен стрес на пневматиците и го зголемува абењето на слојот за газење. Зголемената тежина, исто така, ја зголемува должината на сопирање:

Во суштина, ако сте возач на електрично возило, треба дополнително да се грижите за вашите пневматици, без оглед дали се сезонски или не, како и да изберете појаки пневматици од оние што би ги избрале за автомобил со мотор на внатрешно согорување.

Со текот на годините, префрлувањето од летни на зимски пневматици би можело да изгледа како најдобар избор за едно електрично возило. Меѓутоа, напредните истражувања и најсовремената технологија што стои зад пневматиците за сите сезони на Continental потврдуваат дека тие се соодветни за употреба со електрични возила, нудејќи добар век на слојот за газење дури и при дополнителни напрегања.

Кои пневматици за сите сезони се најдобри за СУВ-возила?

A SUV with all-season tires

Continental нуди широк асортиман пневматици за сите сезони за СУВ-возила меѓу најдобрите во нивната класа и со дарежлива гаранција за векот на траење на слојот за газење.

  • Ако возите кросовер возило, можеби поголем дел од времето го возите во град. Пневматиците за сите сезони на Continental нудат одлично управување во текот на цела година, висока ефикасност на горивото и дури и технологија за намалување на бучавата за непречено и тивко возење
  • Тежината на батеријата и моментниот вртежен момент на е-СУВ-возилата значи дека смесата на гумата кај пневматиците за сите сезони за електрични возила мора да биде особено робустна за да обезбеди најдобро прилегнување и најефикасно можно сопирање. Ако, пак, сакате со вашето СУВ-возило да излезете од патот, ќе треба да ја најдете вистинската рамнотежа меѓу мазен слој за газење со помал отпор на тркалање и оптимална тракција за возење на секој терен.
  • СУВ-возилата со ултрависоки перформанси имаат потреба од премиум пневматици што овозможуваат одлично ракување со максимални нивоа на прилегнување и подолг век на употреба на слојот за газење. Нашиот Центар за технологија со високи перформанси (HTPC) постојано усовршува иновативни технологии заради подобрување на нашите пневматици со високи перформанси и создава нови шари на слојот за газење со кои ќе се овозможи СУВ-возилата со високи перформанси да возат најдобро што можат.

Кога станува збор за безбедноста, перформансите и за ефикасноста на вашите пневматици за сите сезони, Continental го има вистинското за вас.